Komiti Skopje
[СООПШТЕНИЕ ПРЕД ФИНАЛЕ КУП]
Групата своето си го заврши, подготвена и сплотена го дочекува Финалето на Купот!
Но, како и поголемиот дел од Вардаровата и воопшто спортската јавност, свесни сме дека тоа што го чекавме 18 години, не го дочекуваме во нормални околности!
Доволно е да се потсетиме како изгледаше првиот домашен натпревар оваа сезона, за да ја увидиме разликата и последиците кои
Управата со својот срамен пристап и однос кон навивачите, му ги нанесе на клубот!
Но, и покрај тоа, во текот на целата сезона бевме тука за клубот, и покрај сите забрани и покрај сите обиди за замолчување. Затоа што за нас, над се е љубовта и емоцијата која ја чувствуваме кон ФК Вардар!
Сепак, важно е и каков е тој - ФК Вардар! Тука не зборуваме за резултатите, ниту за позицијата на табелата, затоа што ние сме биле со клубот во многу полоши околности и никогаш не сме му свртеле грб и токму кога најмногу губел, ние најмногу сме го бодреле. Тоа е силата на Вардаровите навивачи!
Година дена ја браниме приказната за клубот на народот, идејата која обедини илјадници навивачи, генерации Вардарци!
Кога мислеа дека со забрани ќе ја убијат, се појавувавме повеќе, кога им забрануваа на фудбалерите да не поздрават, нашата поддршка не спласнуваше!
Приказната е жива, идејата не умира!
Утре сите заедно на запад, токму заради неа, заради сите години на искрена борба!
Не заборавај на минатото
ВАРДАРЕ КЛУБ СИ НА НАРОДОТ!
